22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Не ви е местото во Советот на Европа и ЕУ“: европски политичари со предупредување до Косово

Последната ескалација на насилството покажа дека за Косово нема место во Советот на Европа и ЕУ, изјави портпаролот за надворешни работи на германската политичка партија Алтернатива за Германија.

Петр Бистрон, кој е и пратеник во Парламентарното собрание на Советот на Европа, како и во германскиот Бундестаг, вели дека регионот останува буре барут.

„Доколку го примевме во Советот на Европа и во ЕУ, ќе ги префрливме проблемите во регионот на нашите институции и со тоа ќе ги дестабилизиравме“, додаде тој.

Пратеничката група на АфД ја повикува федералната влада веднаш да ги прекине активностите за прием на Косово во Советот на Европа“, соопшти пратеничката група на АфД во германскиот Бундестаг.

Германското Министерство за надворешни работи претходно ги осуди нападите на северот од Косово, во кои беа повредени војници и цивили на КФОР и повика на итна деескалација.

Спонзорирано: