4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Каде се парите на скопјани, треба да каже ВМРО-ДПМНЕ, која ги има сите управни одбори, велат од СДСМ

Советот на Град Скопје кон крајот на минатата година за оваа 2023 година изгласа буџет од 700 милиони денари или над 100 милиони евра. Денес, неколку месеци подоцна, Град Скопје првпат во историјата е со блокирана сметка и му се заканува банкрот.

Каде се потрошија парите на скопјани, треба да каже ВМРО-ДПМНЕ затоа што таа партија ги има сите управни и надзорни одбори во претпријатијата и установите, таа партија го има мнозинството во Советот, соопшти владејачкиот СДСМ.

„Ситуацијата во речиси сите скопски јавни претпријатија и установи е катастрофална, а директна одговорност за тоа имаат ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски. Над 100 милиони евра се потрошија, а граѓаните не видоа реализација на ниту еден капитален проект.

Дури и наследените проекти, како мостовите на булеварот АСНОМ и на улицата Љубљанска, реконструкцијата на Универзалната сала, клучката кај Момин Поток, стојат нечепнати повеќе од една и пол година. Потрошен буџет и нереализирани проекти, ете што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие шанса да раководи со народните пари“, додаваат од СДСМ.