Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија синоќа го гаѓала Киев со 54 беспилотни летала – од кои 52 биле успешно соборени.
Украина соопшти дека тоа е најголемиот напад со беспилотни летала врз градот од почетокот на војната, а е во пресрет на роденденот на градот.
Се вели дека Москва цели на воени и критични инфраструктурни објекти во централна Украина, особено во регионот на Киев.
⚡️Kyiv City Military Administration publishes photos of damage caused by debris following Russian aerial attack.
The administration reported that debris from a drone shot down over the capital overnight on May 28 fell onto the roof of a building in Kyiv's Pecherskyi District. pic.twitter.com/QqnuEZNFwt
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) May 28, 2023
Најмалку едно лице загинало во нападите, а тројца се ранети, тврди украинската страна.
Се наведува дека воглавно се работи за беспилотни летала Шахед од иранско производство, а нападот се случил во неколку бранови.
Првите експлозии во главниот град биле пријавени по 1 часот по полноќ по локално време. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, по 03:00 часот по локално време на Телеграм напиша дека градската воздушна одбрана е повторно во акција за соборување на беспилотни летала над Киев.