17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Мајка на четири деца од Косово убиена во Швајцарија, осомничен сопругот

Швајцарската полиција објави дека жена со потекло од Косово (37) била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Вевеј, а нејзиниот сопруг е осомничен за убиство, пренесува Коха.

Осомничениот маж (42) сам се пријавил во полициската станица во Берн, каде изјавил дека ја повредил сопругата во нивниот стан во Вевеј, објави порталот Kosov-online.com.

Полицијата потоа отишла во станот и го пронашла мртвото тело на жената со видливи убодни рани.

Осомничениот, кој исто така е од Косово, е уапсен и приведен, а нивните четири деца биле испратени кај роднините.