14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Автобус се запали во Ниш, луѓето бегале во паника

Денеска во Ниш градски автобус се запали на автобуската постојка.

„Пожар избувна од задниот дел на автобусот каде што се наоѓа моторот. Луѓето почнаа да бегаат во паника, автобусот се претвори во оган. Црн чад имаше насекаде“, изјави за „Блиц“ еден од минувачите што случајно се нашол во близина и додал:

„Работниците во околните дуќани се криеја стравувајќи дека нешто ќе пукне. Беше страшно. Пожарникарите брзо дошле и почнале да го гаснат пожарот“.

Пожарот во автобусот го изгаснале шест пожарникари со две возила. Повредени нема.