Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Украина ќе го одбележи 9 мај како ден на Европа, а 8 мај како ден на победата над нацизмот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ врз основа на кој 9 мај во Украина ќе се слави како ден на Европа.

Зеленски испрати и предлог до парламентот 8 мај да се прогласи за ден на сеќавање и победа над нацизмот во Втората светска војна, пренесува „Интерфакс Украина“.

Во указот објавен на веб-страницата на претседателот на Украина, Зеленски посочува дека 9 мај го прогласува за ден на Европа, свесен за европскиот идентитет на украинскиот народ, со цел зајакнување на единството на народот на Европа, обезбедување мир, безбедност и стабилност на европскиот континент.

„Никогаш нема да го заборавиме придонесот на украинскиот народ во победата над нацизмот. И нема да дозволиме лага дека победата во таа војна можеше да се постигне без учество на која било земја или нација“, рече Зеленски во видеопораката.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД СИТЕ НИВ Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите… Повеќе