13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Момчето е сместено на психијатриска клиника, ќе ja разгледаме одговорноста на секој од нас

„Денес е еден од најтешките денови во современата историја на нашата земја. Изразувам сочувство до семејствата, родителите, браќата, сестрите, бабите и дедовците на убиените деца, како и до децата и семејството на убиениот обезбедувач“, истакна во своето обраќање претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по масакрот кој уторво го изврши 14-годишник во училиште во Белград.

„Моравме да ги погледнеме примероците, да ја погледнеме одговорноста на секој од нас и да бараме решение за вакво нешто, колку и да е непредвидливо и неочекувано, никогаш да не се повтори, но живееме во таков свет што се е возможно. Не брзав, никој не брзаше да дава изјави, сакавме да погледнеме се, каде тргнал системот наопаку, каде лежи одговорноста на секој од нас затоа што не можеме да ги вратиме децата на нивните родители“, рече претседателот на Србија.

Изјави дека момчето (К.К.) ќе биде сместено во посебен дел на Клиниката за невропсихијатрија и дека ќе се оценува сечија одговорност.

„Неговиот татко е уапсен како сопственик на оружјето кое очигледно го чувал нелегално, иако ги имал сите потребни дозволи. Приведена е и мајката“, рече Вучиќ и додаде дека „должен е да зборува за вистинските причини и одговорност за многуте приказни и невистини кои се шират на социјалните мрежи“.

Претходно денеска во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар во 08:40 часот, ученикот од седмо одделение К.К. (14) пукал во обезбедувањето и учениците, при што убил осум ученици и еден член на обезбедувањето, а повредени се шест деца и еден наставник.

Напаѓачот пукал, најверојатно од пиштолот на татко му, а полицијата го уапсила во училишниот двор, пренесуваат српските медиуми.

Спонзорирано: