13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ќе бидат забранети мобилните телефони во училиштата Република Српска, најави Додик

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска во Бања Лука изјави дека полицијата ќе ја зголеми безбедноста во училиштата.

„Уште еднаш во име на Република Српска и во мое лично име изразувам голема тага и неверување поради трагедијата во училиштето во Белград. Беше неопходно да се анализира ситуацијата во Српска, а ќе биде забрането да се внесуваат мобилни телефони во училиштата за време на наставата“, изјави Додик за новинарите по вонредната седница на Владата на Република Српска.

Посочи дека воспитувањето дете не е само работа на училиштето и потребно е да се бара единство и меѓу родителите и институциите, а приматот треба да го имаат воспитно-образовните работници.

Спонзорирано: