Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски за обелоденувањето доверливи информации од Пентагон: Тоа не е корисно за угледот на САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека обелоденувањето доверливи информации од Пентагон не е од корист за угледот на САД, но дека сепак ја цени поддршката на Вашингтон за Киев.

Зеленски изјави за „Вашингтон пост“ дека Белата куќа не му се јавила за обелоденувањето на строго доверливите документи на американските разузнавачки служби минатиот месец.

На прашањето дали довербата меѓу САД и Украина е нарушена поради обелоденувањето информации од Пентагон, кои покажуваат дека Вашингтон наводно шпионирал високи украински функционери, вклучително и него, Зеленски истакна дека тоа не е вредно во споредба со поддршката за Киев.

Украинскиот претседател нагласи дека обелоденувањето доверливи информации ѝ нанело штета на Украина бидејќи Русија однапред добила одредени известувања.

Еден гардист на американската армија е обвинет за обелоденувањето на доверливите документи, кои првпат се појавија минатиот месец на „Дискорд“, платформа за социјални медиуми.

Одредени доверливи досиеја од февруари сугерираат дека украинската воздушна одбрана ризикува да остане без ракети и муниција од советската ера за неколку недели.

Спонзорирано: