5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Драган е чуварот кој беше убиен во пукањето во Србија: „Обожуваше деца, важеше за многу грижлив човек“

Невидена трагедија се случи во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“, кога 14-годишниот Коста уби осум ученици, како и Драган Влаховиќ, човек кој работел како обезбедување во училиштето.

Драган важел за исклучително грижлив и внимателен кон децата.

„Нашиот омилен чувар Драган е убиен. Децата го сакаа, како и целиот тим“, рече мајката на дете од училиштето.

Српскиот портал „Блиц“ пренесува дека преживеаните ученици кажале оти ученикот го вперил пиштолот кон сите во ходникот, кога настанала општа паника. Како што велат, ученикот кој пукал, наводно, потоа отишол на час и продолжил со пукањето.

Напаѓачот е уапсен, а полицијата и итната помош се’ уште се на терен.