25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Бомба со три килограми ТНТ и фрагменти за бугарскиот јавен обвинител – избегнат е атентат

Обид за атентат на главниот обвинител на Бугарија Иван Гешев ја потресе Бугарија.

Неговиот заменик, Борислав Сарафов, потврди дека Гешев бил цел на атентат, а експлозијата била поставена на патот.

„Бомбата не беше само со ТНТ – околу 3 килограми ТНТ, според пресметките на експертите. Во неа имало и фрагменти. Се распрснаа и се заглавија на спротивните дрвја. Бомбата очигледно била активирана со намера да убие. Целта не е заплашување, не зборуваме за огномет. Металните топчиња што ги најдовме беа со големина на човечки нокт“, изјави Сарафов.

Тој прецизира дека сторителите ја активирале бомбата во моментот кога минувал автомобилот на Гешев, а маршрутите на обвинителот биле внимателно следени.

Инцидентот се случил на патот Софија-Самоков кај селото Ковачевци, во 11 часот и 45 минути. Според БТВ, обвинителот Гешев требало да отпатува за Турција, но во последен момент се премислил и отишол за настан посветен на млади обвинители. Пред патувањето, Гешев побара владините претставници да дадат извештај за тоа како земјата ги спроведува санкциите на ЕУ против Русија.

Кривичната постапка што е поведена за случајот е по глава 1 од Кривичниот законик – за терористички акт. Инспекторите бараат детонатори и ги собираат шрапнелите.

Гешев во моментот на несреќата патувал со семејството.

Според изјавите на сведоците, експлозијата го придвижила автомобилот на главниот обвинител на лево.