12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото архива/илустрација/Pixabay
СВЕТТОП ВЕСТИ

Сообраќајка на автобус во Унгарија со 55 туристи од Србија

Ниту еден од патниците кои се наоѓале во автобусот од Србија кој се преврте во саботата наутро во Унгарија не е тешко повреден, а повеќето од нив го продолжиле патот кон дома. Несреќата се случила околу 5 часот и 30 минути, а возилото се превртело од неразјаснети причини. Н1 објави видео од местото на настанот, на кое се гледа превртениот автобус.

Несреќата се случила на автопатот 53 кога се превртел автобус со регистрација на Сомбор со туристи. Во возилото имало 55 патници и двајца возачи. Меѓу повредените има и две деца. Патниците се главно од Белград и Нови Сад, од кои 33 го продолжиле патувањето, а останатите се вратиле.

Српските туристи вчера тргнале од Србија за Будимпешта, а планот бил да се вратат на 2 мај.

Како точно се случила несреќата и која била причината ќе утврди истрагата на унгарската полиција.