Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Детето кое уби Македонец во Сончев град има криминална историја: Претепал и Украинец, сторител е и на разбојништва

Бугарските власти соопштија дека 14-годишниот Михаил, осомничен за убиството на македонскиот државјанин И.Н., и претходно имал извршено кривични дела како кражби и разбојништва. Лани имало сличен инцидент кога тој претепал Украинец исто така со дрвен колец и му го украл златниот накит, пишуваат бугарските медиуми.

„Да имаш извршено повеќе кривични дела до 14 години и да имаш криминално досие, не може да се смета воопшто за прифатливо однесување, изјави Калојан Калојанов, висок комесар на полицијата во Бургас, задолжен за истрагата.

На убиениот Македонец кој до смрт бил претепан со дрвен колец му биле украдени 1.800 лева (околу 900 евра).

„Утврдено е дека од украдените 1.800 левови, осомничениот откупил работи оставени под залог во заложна куќа, а со останатите пари купувал други предмети“, рече комесарот Калојанов.

Убиениот секоја година работел за ист сопственик во туристичките региони во Бугарија. Преку лето работел во објект на Сончев Брег кај Несебар, преку зимскиот период во Банско.

Спонзорирано: