16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американската војска ги приземји сите авиони поради неодамнешните хеликоптерски несреќи

Американската војска ги приземји сите авиони освен „критичните за мисијата“ по двата неодамнешни смртоносни инциденти во воздух.

Наредбата беше објавена во петокот и доаѓа еден ден откако два хеликоптери Апачи се судрија на Алјаска, при што загинаа тројца американски воени пилоти.

Началникот на Генералштабот на армијата Џејмс Меконвил рече дека воздухопловците ќе останат приземјени додека не завршат дополнителна обука.

Во несреќата на 20 март во која учествуваа два хеликоптери Black Hawk во Кентаки загинаа девет војници.

– Тажни сме поради оние што ги загубивме – се вели во соопштението на генералот Мекконвил.

– Нивната загуба е тоа што го прави уште поважно да ги ревидираме нашите безбедносни процедури и протоколи за обука и да се осигураме дека тренираме и работиме на највисоко ниво на безбедност и експертиза – рече генералот.

Тој додаде дека воените пилоти „ќе се фокусираат на протоколите за безбедност и обука за да обезбедат пилотите и екипажите да имаат знаење, обука и свест за безбедно да ја завршат својата задача“.

Спонзорирано: