9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Озлогласениот италијански мафијаш Пасквале Бонавота уапсен во катедрала

Еден од босовите на италијанската мафија, Пасквал Бонавота, е уапсен во катедралата во Џенова на северот на Италија, јавува Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека Бонавота (49) ја предводи озлогласената мафија „Ндрангета“ и бил баран од 2018 година, кога полицијата издала налог за апсење за убиство и организиран криминал.

„Ндрангета“ е најмоќното италијанско мафијашко семејство, кое сега контролира околу 80 отсто од трговијата со кокаин во Европа.

Се заснова на семејни кланови и кои традиционално ги контролираат планинските села во Калабрија.

Бонавота, опишан од „Ла Стампа“ како „бејби бос“, во моментот на апсењето бил во градската катедрала и носел лажни документи.

Тој е еден од обвинетите во актуелното „макси-судење“ во кое повеќе од 300 лица се соочуваат со обвиненија поврзани со организиран криминал.

Бонавота е опишан како лидер „кој ги донел најважните одлуки“ заедно со другите шефови на „Ндрангета“ и се грижел за интересите на групата во регионот на Рим, секторите за коцкање и трговијата со дрога.

Неговото апсење доаѓа три месеци откако полицијата го уапси сицилијанскиот мафијашки бос Матео Месина Денаро во јануари по 30 години бегство.

Коза Ностра од Сицилија и Камора од Неапол се попознати во светот, но тие се ослабени од акциите на полицијата. Како резултат на тоа, Ндрангета се издигна на нивно место и сега е најмоќната мафијашка група во Италија, со центри низ целиот свет од Јужна Америка до Австралија и годишни приходи од околу 60 милијарди долари.

Спонзорирано: