10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Нова одредба на Путин: На ​​оние кои не прифаќаат руско државјанство им се заканува депортација

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша одредба со која се олеснува патот до руско државјанство за оние кои живеат во делови на Украина под контрола на Русија. Но, таа одредба значи и дека оние кои не сакаат да го сменат државјанството или не го легализираат својот статус, може да бидат депортирани.

Ројтерс известува дека според одредбата, оние кои живеат во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје (четири региони за кои има претензии Русија) можат да започнат со процесот на стекнување руско државјанство или легализација на статусот.

Но, во актот стои и дека оние кои нема да го започнат тој процес до 1 јули 2024 година ќе се сметаат за странски државјани, што значи дека Русија би можела да ги депортира од споменатите окупирани територии.