20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израелската армија уби 15 годишно момче, бил застрелан во градниот кош

Израелските сили денеска убија 15-годишен Палестинец на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Убиството се случило за време на судирите меѓу израелските сили и Палестинците во село во близина на Витлеем, јавуваат палестинските медиуми.

Палестинското Министерство за здравство го идентификуваше убиениот Мустафа Сабах и соопшти дека бил застрелан во градниот кош.

Израелската армија веднаш не го коментираше инцидентот, а на видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето го носат телото на момчето по пукањето .