33.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски и Шји конечно разговараа: „Кина е секогаш на страната на мирот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека имал „долг и значаен“ телефонски разговор со кинескиот лидер Шји Џинпинг и изрази надеж дека тоа ќе им даде поттик на односите на Киев и Пекинг.

Кина ѝ беше главен трговски партнер на Украина од каде увезуваше јачмен, пченка и оружје, но војната ја доведе во прашање нивната врска и многумина се прашуваа зошто Шји нема разговарано со Зеленски.

„Верувам дека овој повик, како и назначувањето на амбасадорот на Украина во Кина, ќе дадат силен поттик за развојот на нашите билатерални односи,“ истакна Зеленски во пост на Твитер, без да соопшто други детали.

Разговорот го потврдила и портпаролката на кинеската влада, Хуа Чунјинг, која на Твитер напиша дека Кина е доследна и јасна во својата подготвеност да развие билатерални односи со Украина.

„Што се однесува до украинската криза, Кина е секогаш на страната на мирот. Нејзината основна позиција е да ги олесни преговорите за мир,“ напиша Чунјинг, додавајќи дека кинеската влада ќе го испрати во Украина специјалниот претставик за евроазиски прашања.

Меѓу најинтересните ставови на Пекинг искажани во разговорот е дека „Кина како одговорна голема земја нема да седи со скрстени раце ниту да долева масло во огнот, а уште помалку да ја користи ситуацијата за своја полза“.

Ова е прв контакт меѓу двајцата лидери од почетокот на конфликтот во Украина во кој Кина се обиде да одржи неутралност, но одби да ги критикува Москва и Путин, со кој Шји даде заедничка изјава пред инвазијата, велејќи дека нивните влади имаат „пријателство без граници“.

По веста за телефонскиот разговор на Зеленски и Шји, кој важи за пријател на Путин, со изјава излезеи портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која истакна дека Москва е свесна за подготвеноста на Пекинг да воспостави преговарачки процес.

„Режимот во Киев досега ги отфрли сите разумни иницијативи насочени кон политичко и дипломатско решение на украинската криза, а евентуалната согласност за преговори ја условуваат со намерно нереални барања“, рече Захарова.

Захарова истакна дека властите во Киев и нивните западни спонзори веќе покажале колку им се неважни иницијативите за мир.

„Според тоа, малку е веројатно дека какви било повици за мир ќе бидат соодветно прифатени од марионетите што ги контролираат од Вашингтон“, рече таа.