13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полска ќе ја спроведе директивата на ЕУ за минимална плата

Полска ќе ја транспонира директивата на ЕУ за минимална плата како дел од своите напори за приспособување на платите во земјата со стандардите на ЕУ, соопшти во понеделникот полското Министерството за семејство и социјални работи, пренесува „Еурактив“.

По зголемувањето до 3.490 злоти (759 евра) во јануари и очекуваниот исчекор до 3.600 злоти (783 евра) од јули, оваа најава може да резултира со уште едно зголемување на минималната плата во Полска.

„Како членка на Европската Унија се стремиме кон европски услови. Целосно ќе ја спроведеме директивата за европска минимална плата“, вели полскиот заменик-министер за семејство и социјални прашања, Станислав Швед.

Тој сепак додаде дека за транспонирање на директивата полската влада мора првин да се погрижи промените да поминат низ потребниот законодавен процес.

Иако директивата на ЕУ за минимална плата беше усвоена уште во 2021 година, локалните и парламентарните избори подоцна годинава се веројатната причина зошто полската конзервативна влада дури сега се залага за нејзино транспонирање, објави Money.pl.

Според директивата на ЕУ, минималната плата мора да биде еднаква на најмалку половина од државниот просек, што значи дека во Полска таа треба да изнесува 4.130 злоти (898 евра), што е за 640 злоти (139 евра) повеќе од сегашната минимална плата. Исто така, минималната саатница од јули ќе се зголеми за 3,80 злоти (0,83 евра).

Сепак, европската директива за минимална плата најмногу се однесува на другите земји членки на ЕУ бидејќи Полска е веќе блиску до наведеното минимално ниво на плата, смета Марцин Клучник, соработник во Полскиот економски институт (ПИЕ).

Полска или ги исполнува барањата на директивата или е многу блиску до исполнување во зависност од годината, рече Клучник додавајќи дека директивата на ЕУ ќе предизвика големи промени во другите земји на ЕУ.

Спонзорирано: