14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американски генерал: Русија продолжува со небезбедни и непрофесионални воздушни активности во Сирија

Русите продолжуваат да изведуваат небезбедни и непрофесионални воздушни активности од во Сирија, изјави висок американски генерал за „Ал Арабија“.

„Се уште сме сведоци небезбедни и непрофесионални воздушни активности од Русите“, истакна генерал-мајор Метју Мекфарлан коментирајќи ги борбите против ИСИС во Ирак и во Сирија.

Мекфарлан, кој ја предводи коалицијата против ИСИС, посочи дека американската војска има воспоставено комуникациска врска за спречување конфликт со Русите и за намалување на сите зголемени ризици предизвикани од руските активности.

Тој сепак истакна дека коалицијата против ИСИС останува посветена и фокусирана на мисијата, истакнувајќи дека можат да го спроведат тоа без да им попречуваат различни играчи на бојното поле кои се обидуваат да ги фрустрираат.

Американскиот генерал го пофали напредокот постигнат во борбата против ИСИС, за која рече дека е воено поразена и дека нема територија.

„Нивната идеологија останува неограничена, а терористичката група се обидува да се консолидира и да продолжи со своите напади во регионот и низ светот. Но, благодарение на нашите напори и на коалициските партнери, драматично ја намаливме активноста и ефикасноста на ИСИС во нашата област на операции“, истакна Мекфарлан.

САД на терен соработуваат со Сириските демократски сили (СДФ), кои изгубија илјадници борци во борбата против ИСИС. Турција, која им ее клучен сојузник во НАТО, е фрустрирана од ова партнерство и постојано ги напаѓа борците на СДФ.

Турските сили бомбардираа и курдски цели во Сирија и Ирак, оправдувајќи ги овие напади како неопходен одговор на ноемврискиот бомбашки напад во Истанбул. Турција ја обвини курдска милиција за извршување на нападот, што Курдите жестоко го негираа.

Анкара, наводно, стои и зад нападот на конвој во кој бил клучен курдски функционер, придружуван од американски персонал претходно овој месец. Во нападот немаше повредени.

Спонзорирано: