16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во Вашингтон: Осум лица повредени, меѓу кои и едно дете

12-годишно девојче и уште седум лица се ранети синоќа во два напади со огнено оружје во Вашингтон, соопшти локалната полиција.

Полицијата соопшти дека нападите може да се поврзат бидејќи се случиле во истиот дел од градот.

Во соопштението се наведува дека нема загинати.

Недалеку од местото на првиот напад, полицијата добила дојава за пукање во блиската улица во која во ногата е рането 12-годишно девојче.

Полицијата трага по автомобил кој очевидците на првиот напад го опишаа како црн „седан“, најверојатно мерцедес, од кој напаѓачите „возеle низ блокот и неселективно пукалe во луѓето“.

Спонзорирано: