16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Нова бомба пронајдена во рускиот град Белгород, евакуирани се околу 3.000 луѓе

Околу 3.000 луѓе во рускиот град Белгород беа евакуирани во саботата, откако беше пронајдена бомба во близина на областа каде што руски борбен авион фрли експлозив во четвртокот, објави рускиот државен медиум ТАСС, повикувајќи се на локалните служби за вонредни состојби.

Откако граѓаните беа евакуирани од 17 станбени згради, експертите за експлозиви излегоа на терен. Официјалните лица на крајот рекоа дека нема опасност од експлозија. Гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков на Телеграм изјави дека бомбата е отстранета и дека луѓето постепено се враќаат во своите станови.

Спонзорирано: