24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Закани за поставени бомоби на повеќе локации во Загреб: евакуирани трговски центри и судови

Поради дојава за поставени бомби во Загреб, евакуирани се трговски центри и судови, пренесуваат хрватските медиуми.

Полицијата го евакуираше просторот кај Велесајм, трговскиот центар Авенија мол, како и два други суда во Нови Загреб.

Од полицијата потврдија дека во тек е проверка на терен, јавува Дневник.хр.

„Евакуација во Авенија мол, сите мораа да се евакуираат, полицијата разговараше со обезбедувањето на приземјето. Беше кажано дека евакуацијата е поради пожар, но најверојатно се работи за дојава за бомба“, изјавија за Индекс.