24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Силен земјотрес ја стресе Босна

Неколку минути по полноќ силен земјотрес го погоди подрачјето на Босна и Херцеговина.

Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот со јачина од 4 степени бил на 58 километри од Тузла, односно 8 километри од Оџак.

Земјотресот бил на длабочина од еден километар.

„Добро се тресе“, „Ова беше морничаво“ се само дел од коментарите на ЕМСЦ.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени.