22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Босанец лажно се претставувал како полицаец, ги запирал возачите и ги прашувал што пиеле

Мехо М.(29) од Босна и Херцеговина е осуден на условна казна од половина година затвор затоа што претставувајќи се дека е полицаец, запирал возачи кои ги идентификувал и ги прашувал дали нешто консумирале, пишуваат медиумите во регионот.

Тој беше осуден од Општинскиот суд, постапувајќи по обвинението на Кантоналното обвинителство на Зеничко-добојскиот кантон, за продолженото кривично дело лажно претставување.

Обвинет е дека минатата година ноќта меѓу 12 и 13 ноември прво се претставувал како полицаец на регионалниот пат Прњавор – Нови Шехер во градот Вуково.

Возејќи го својот мерцедес зад А.Ј., ги вклучил трепкачките светла на мобилниот телефон, а потоа го запрел А.Ј., по што излегол од возилото и се претставил како полициски службеник. Од А.Ј побарал возачка дозвола и потврда за регистрација на возило.

Претставувајќи се како полицаец, пријавениот се обидел да изврши претрес на неговото „бмв“.

Пријавениот во улога на полицаец дури барал од возачот да му ја покаже опремата за возилото, но тој не го сторил тоа.

Полицаецот спотред написите, се упатил во правец на Тешањ, па на главниот пат Добој – Теслиќ повторно тргнал на „работа“.

Таму запрел автомобил управуван од М.Ј., по што се претставил како полициски службеник и од возачот побарал возачка дозвола и потврда за регистрација.

Потоа му се обратил:

„Дали пиевте нешто. Ајде, имам среќа што те познавам“, му кажал..

Збунетиот возач продолжил кон Добој.

Со овие дејствија пријавениот сторил продолжено кривично дело лажно претставување и му е изречена условна казна, а казната нема да му се изврши доколку во рок од две години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Тој е казнет и со парична казна, спред медиумите во регионот.