Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје се вози без возачка, брзо, пијано – полицијата изрече 193 казни за еден ден

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден правеше контроли во областа на сообраќајот.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 193 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 86 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се една мерка за возење под дејство на алкохол, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила“, велат од МВР.

Вакви контроли се прават секојдневно од полицијата, а изречените мерки се скоро секогаш во двоцифрен број.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК