23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Русија тестираше интерконтинентална балистичка ракета

Руското Министерство за одбрана изврши пробно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета, објавија вчера руските медиуми под државна контрола.

Ракетата наводно била лансирана од комплексот за лансирање Капустин Јар во јужниот руски регион Астрахан и погодил цел на полигон во Казахстан.

Претходно на 29 март руското Министерство за одбрана објави дека е започната стратешка воена обука со интерконтиненталниот балистички ракетен систем Јарс.

Јарс или РС-24 е стратешки интерконтинентален балистички ракетен систем со цврсто гориво. Тој беше усвоен од Руската Федерација во 2009 година и има наведен дострел од 11.000 километри и експлозивна моќ еднаква на еден милион тони ТНТ. Руските пропагандисти тврдат дека ниту еден систем за противвоздушна одбрана не може да собори проектили, од кои секоја е способна целосно да уништи мал град.