23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

(Видео) Две безживотни тела пронајдени под урнатите згради во Марсеј

Две лица загинаа при уривање на две згради во францускиот град Марсеј, објавија утрово пожарникарите кои учествуваат во спасувачката операција по експлозијата.

Како што пренесува порталот „БФМ“ од Марсеј, потрагата продолжува, но како што одминува времето надежта дека ќе се најдат преживеани се намалува.

„Две безживотни тела се пронајдени во урнатините на две згради на улицата Тиволи во Марсеј. Со оглед на тешкотиите со кои се соочуваме, потрагата ќе потрае. Тогаш за работите ќе се погрижат законодавните органи“, соопштија пожарникарите на градот Марсеј. Ниту 24 часа по несреќата не се знае причината за експлозијата.

Сепак, очевидци од околните згради велат дека околу четирикатниците се почувствувал силен мирис на плин, кој, според обвинителот во Марсеј, не покажувале знаци дека се дотраени.

Пет лица се примени во болница со сериозни повреди кои не се опасни по живот.

Локалните власти во неделата соопштија дека се претпоставува дека осум лица се затрупани под урнатините.