14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Литванскиот парламент усвои резолуција за прием на Украина во НАТО

Литванскиот парламент вчера едногласно усвои резолуција со која се бара Украина да се приклучи на НАТО.

Во документот се наведува дека неопходно е да се покани Украина да се приклучи на НАТО како земја-членка на самитот на Алијансата во Вилнус во јули оваа година, да ги потпише пристапните протоколи и да започне процесот на ратификација кога ќе дозволат условите.

Според резолуцијата, поднесена од претставници на различни политички групи во парламентарните комисии за надворешни работи и национална безбедност и одбрана, ова ќе биде стратешка одлука на НАТО во потрагата по мир во Украина и Европа.

Литванската национална радио и телевизија објави дека Жигимантас Павлионис, претседател на парламентарната Комисија за надворешни работи, презентирајќи ја нацрт-резолуцијата пред пратениците, рече дека во документот се наведени задачите што литванските политичари треба да ги остварат на три месеци пред самитот.

„Ние сме против сивите безбедносни зони, сакаме да докажеме дека е погрешна тезата дека Русија има право да стави вето на членството на Украина. Мислиме дека Украина ќе придонесе за нашата безбедност, ќе го направи НАТО посилен“, посочи тој.

Документот, исто така, ја нагласува потребата од зајакнување на одбраната и одвраќањето во балтичкиот регион и целото источно крило на НАТО, како и зголемување на сојузничките копнени сили постојано распоредени во Литванија на ниво на бригада.

Резолуцијата, исто така, го зајакнува стремежот за зајакнување на интегрираната воздушна и противракетна одбрана, вклучително и капацитетите за воздушна одбрана во Литванија и целиот регион, како и стремежот да се обезбеди подготвеност за прием на сојузничките трупи во земјата.

Исто така, влезот на Украина во НАТО ќе биде црвена линија за Москва, по што никој нема да знае што ќе се случи, беше посочено повеќе од еднаш во бројните анализи за војната во Украина.

Спонзорирано: