14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинците за првпат најавија голема офанзива: Ќе се случи насекаде

Само мал број луѓе ги знаат сложените детали од плановите на Украина да започне нова контраофанзива во наредните месеци, рече шефот на советот за одбрана на Украина.

„Информациите за тоа кога би можеле да започнат воените акции ќе ги знаат ограничен број луѓе“, изјави Олексеј Данилов за Радио Слободна Европа.

Тој рече дека Украинците ќе ги дознаат деталите кога ќе започне офанзивата.

Данилов нагласи и дека луѓето треба да бидат внимателни со изјавите на оние кои малку или воопшто немаат информации за плановите.

Нашироко се верува дека контраофанзивата ќе дојде на пролет. Кирило Буданов, шефот на главната украинска разузнавачка агенција, во јануари рече: „Ова (офанзива) ќе се случи низ цела Украина, од Крим до Донбас“.

Спонзорирано: