13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција: Шведска да ги исполни своите обврски што поскоро за влез во НАТО

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денеска му рекол на американскиот колега Лојд Остин дека членството на Финска во НАТО ја покажува поддршката на Анкара за проширувањето.

Тој изрази надеж дека Шведска ќе ги исполни своите обврски што е можно поскоро.

Како што соопшти турското Министерство за одбрана, за време на разговорот двајцата министри разговарале и за важноста за брзо завршување на барањето на Турција за набавка и модернизација на борбени авиони Ф-16.

Како што претходно пишуваше „Волстрит џурнал“, Турција треба да купи 40 нови ловци Ф-16 во вредност од 20 милијарди долари, како и комплети за ремонт на постоечките 79 такви авиони во турската флота.

Спонзорирано: