16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Сценариото на кое се надеваат Путин и Пригожин: Зеленски признавa дека постои можност Украинците да се повлечат од Бахмут, под неколку услови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека постои можност украинската армија да се повлече од градот Бахмут на истокот на земјата.

„За мене најважно е да не ја загубиме војската. И секако, доколку дојде до момент на уште поинтензивни настани и опасност да загубиме човечки животи, ќе има соодветни генерали кои на лице место ќе донесат правилни одлуки. Сигурен сум во тоа“, рече Зеленски вчера на средбата во Варшава со полскиот претседател Анджеј Дуда.

„Но, колку посоодветна муниција стигне до Украина, толку побрзо ќе се соочиме со ситуацијата не само во Бахмут, туку и на целата територија на нашата земја“, додаде тој.

Зеленски рече дека ситуацијата во Бахмут е „најтешка“ во целата земја. Тој град со месеци е под напад на руските сили.

За време на посетата на Варшава, првиот човек на Украина ѝ се заблагодари на Полска за „историската помош“, укажувајќи дека официјална Варшава помага да се формира коалиција на западните сили што ќе и обезбеди на Украина борбени авиони, исто како што придонесе за стекнување на тенкови за украинската армија.

За време на говорот на плоштадот во Варшава, Зеленски рече дека Русија нема да ја победи Европа додека Украина и Полска стојат „рамо до рамо“.

Полска работи на добивање дополнителни безбедносни гаранции за Украина на самитот на НАТО што ќе се одржи во јули во главниот град на Литванија, Вилнус, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда.

„Денес се обидуваме да добиеме за Украина на следниот самит на НАТО во Вилнус дополнителни безбедносни гаранции кои ќе го зајакнат воениот потенцијал на Украина“, рече Дуда на заедничката прес-конференција со претседателот на Украина.

Претседателот на Полска истакна дека Полска ќе и испорача на Украина вкупно 14 борбени авиони МИГ-29.

„Четири МИГ-29 од нашиот инвентар веќе се префрлени на украинските воздухопловни сили. Во моментов се префрлаат уште четири МИГ“, посочи тој, пренесе РИА Новости.

Дуда додаде дека Полска е подготвена да испорача уште шест борбени авиони.

„Очекуваме наскоро да бидат пренесени“, нагласи тој. Дуда на својот украински колега му го додели орденот „Белиот орел“, највисок орден во Полска.

Спонзорирано: