Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Повеќе од еден милион Канаѓани без струја поради невреме

Вкупно 1.134.426 Канаѓани останаа без струја поради замрзнат дожд и силни ветрови, пренесуваат канадските медиуми.

Како што се наведува, без струја останале 962.646 луѓе во Квебек, 168.559 во Онтарио, 2.828 во Британска Колумбија, 371 во Њу Бранзвик и 72 во Њуфаундленд и Лабрадор.

Си-Би-Ес објави дека замрзнат дожд вчера го погоди Монтреал и некои југозападни делови на Квебек. Издадено е предупредување за обилни врнежи во речиси цела Онтарио.

Спонзорирано: