11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Исчезна воен јапонски хеликоптер со десет лица, во тек е потрага

Јапонски воен хеликоптер со десет лица исчезна денеска во водите во јужниот дел на префектурата Окинава, соопшти крајбрежната стража.

Повеќенаменски хеликоптер UH-60 на Јапонските копнени сили за самоодбрана (GSDF) исчезна од радарот околу 16.40 часот, на 18-ина километри северозападно од аеродромот на островот Мијако во префектурата Окинава.

Крајбрежната стража испрати четири патролни чамци во блиските води за да го бараат хеликоптерот. Патролните чамци ги опишаа временските услови како умерени кога пристигнале околу 18.10 часот.

Хеликоптерот бил сместен во кампот на ГСДФ Такаиубару во префектурата Кумамото во југозападна Јапонија и бил ангажиран во активности за надзор, изјави извор од Министерството за одбрана.

Во хеликоптерот имало двајца пилоти, двајца механичари и шест члена на екипажот, од кои сите се припадници на силите за самоодбрана.