Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди Крагуевац, објавено е на веб-страницата на Сеизмолошкиот завод на Србија. Првиот земјотрес бил нешто пред полноќ, а веднаш по полноќ уште еден со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на III-IV степени од Меркалиевата скала. Земјотресите со ваков интензитет не можат да предизвикаат штети на објекти во епицентралното подрачје – се наведува на веб-страницата на Сеизмолошкиот завод.
Тоа се случи токму во градот Баре.