21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кремљ за влезот на Финска во НАТО: Oва е уште една ескалација, ќе мора да преземеме контрамерки

Русија ќе мора да преземе контрамерки во врска со приемот на Финска во НАТО, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„ Кремљ смета дека ова е уште една ескалација и дека проширувањето на НАТО е закана за нашата безбедност и за интересите на Руската Федерација. Ќе преземеме контрамерки за да ја обезбедиме сопствената безбедност и тактички и стратешки“, предупреди Песков, нагласувајќи дека Русија ќе одговори како што ѝ одговара, пренесе ТАС С.

Песков рече дека руската армија за се навремено ќе ја информира јавноста.

„ Внимателно ќе го следиме развојот на настаните во Финска и ќе видиме како северноатлантскиот блок ќе ја користи територијата на Финска во врска со распоредувањето на оружје, системи и инфраструктура во близина на нашата граница, што потенцијално претставува закана за нас“, рече Песков, додавајќи дека соодветно ќе се преземат мерки.

Според него, ситуацијата во Финска е суштински различна од ситуацијата во Украина.

„ Прво, Финска никогаш не била антируска и немавме спорови со Финска“, рече Песков.

Тој нагласи дека со Украина работите се сосема спротивни и дека ситуацијата таму е потенцијално поопасна.

„ Затоа моравме да извршиме специјална воена операција за да ги постигнеме сите цели што ги поставивме“, заклучи Песков.