25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Момче во БиХ убиено од врсник со воздушна пушка

Малолетник (15) е убиен синоќа во престрелка во Брчко. Неофицијално, момчето било застрелано од врсник при несовесна употреба на воздушна пушка.

Портпаролот на окружната полиција Брчко, Џевида Хукичевиќ, потврди дека синоќа во 19.51 часот итната медицинска помош пријавила инцидент во полиција, чии престапници биле малолетни, а кој имал трагичен исход.

Докторката Јасна Брадоњиќ од итната медицинска помош на округот Брчко на БиХ потврдила дека добиле повик во кој се вели дека момчето било погодено при невнимателно користење воздушна пушка, пренесува „Српска инфо“.

Екипата за медицинска помош излегла на терен, а момчето е пренесено во болница, каде што дежурниот хирург ја констатирал смртта на малолетното дете“, изјави Брадоњиќ.