21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шојгу: Влезот на Финска во НАТО е ризик за ширење на конфликтот

„Пристапувањето на Финска во НАТО создава ризик од значително проширување на конфликтот“, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

Тој на состанокот на раководството на руските вооружени сили рекол дека НАТО го зајакнува својот антируски курс и дека влегувањето на Финска во алијансата претставува ризик за ширење на конфликтот.

„Шојгу рече и дека белоруските авиони сега се способни да носат руски нуклеарни проектили“,

Финска денеска и официјално ќе стане членка на НАТО. Кремљ денеска најави дека ќе преземе контрамерки откако Финска ќе влезе во НАТО, со оценка дека проширувањето на западната алијанса претставува безбедносна закана за Русија.