18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дрво падна врз девојче во Белград, итната помош го пронашла како лежи на улица

Гранка од дрво утрово во 7 часот и 45 минути на улицата „Борска“ во Миљаковац паднала врз девојче, информираат од итната помош.

Според првичните информации, на улицата Борска, спроти поштата, пронајдено е девојче како лежи на тротоар. Едното девојче има 13, а другото девојче кое било затекнато до неа има 16 години.

Како што потврдија од Итната помош, нивната екипа веднаш пристигнала на терен.

Засега не се знае степенот на повредите на девојчето, но како што изјави Ивана Стефановиќ од Итната помош, едно девојче се жали на болки во лумбалниот дел на рбетот.