Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казни за 214 возачи во Скопје: 66 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 214 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 66 казни, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 37 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени биле и четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал -црвено светло, седум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири санкции за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата. Со апели до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК