25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски воведе десетгодишни санкции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции против 33 руски државјани и 225 компании, се наведува во указот објавен на веб-страницата на претседателот.

Според извештаите, десетгодишните санкции вклучуваат замрзнување на имотот, забрана за трговија и одземање лиценци, пренесува ТАСС.

Меѓу другото, Зеленски воведе санкции против пратениците од самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), Запорожје и Херсонските региони во горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерацијата, пренесува Танјуг.

Против пратеничката од самопрогласената Доњецка Народна Република (ДПР), Наталија Никонорова, која претходно беше министерка за надворешни работи на ДПР, Украина веќе воведе санкции.

Зеленски воведе санкции и за поранешниот претседател на украинскиот производител на авионски мотори Мотор Сич, Вјачеслав Богуслаев.