25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Што велат експертите: Дали треба да се тушираме секој ден или…?

Доколку кожата не е измиена, на неа се таложат маснотии и нечистотија, што предизвикува затнување на порите и неправилности на кожата на лицето. Ова важи и за оние кои страдаат од различни видови на егзема, кои можат да се влошат.

Освен ако не кампувате во природа, голема е веројатноста дека редовно се миете и на тој начин одржувате хигиена. Општи препораки се дека е добро да се туширате еднаш дневно во потоплите месеци од годината, додека во зимските месеци доволно е еднаш на два дена поради прекумерното сушење на кожата.

Не се согласуваат сите со тоа, особено луѓето кои тврдат дека кожата има своја природна заштита во вид на себум кој го зачувува нејзиниот здрав сјај и pH вредност, па според нив, најдобро е миењето да се сведе само на потребното.

Токму резултатите од неколкудневното прескокнување на туширањето решиле да ги проверат тим од научници за да ја дознаат вистината – има ли штета во секојдневното миење, а еве што открија:

Лошите бактерии создаваат нерамнотежа
Човечката кожа е покриена со бактерии (околу 1000 различни видови) како и со габи (дополнителни 80 видови). Повеќето од овие микроби се добри за нас и помагаат во борбата против лошите. Она што го прават сапунот и водата е да им помогнат на добрите бактерии да се борат против опасните бактерии, а без него нашето тело станува поранливо на разни инфекции и нехигиенски проблеми од бактериите што ги собираме насекаде – од јавниот превоз, теретана, работното место и контакт со на други луѓе, пишува Business Insider.

Доколку кожата не е измиена, на неа се таложат маснотии и нечистотија, што предизвикува затнати пори и воспаление во вид на акни и иритација. Ова важи и за оние кои боледуваат од разни егземи, кои можат да ја влошат својата ситуација со избегнување на миење, а постои дури и официјална медицинска состојба поврзана со кожа со занемарена хигиена, „dermatis neglecta“.

Мирисот неизбежно се појавува
Докажано е дека најинтензивната последица од нетуширањето, како и онаа што се појавува прва, е непријатниот мирис. Без разлика на количината на активност, човечкото тело секогаш произведува пот, што е еден од начините за ослободување од токсините од телото. Бактериите кои се размножуваат на кожата во таква ситуација произведуваат гасови додека консумираат протеини и масни киселини, а тоа произведува дури 30 различни мириси, во зависност од исхраната и хормоналниот статус на поединецот.