26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Радев: Очекувам во бугарската политика конечно да надваледат разумот и принципите

Очекувам во бугарската политика конечно да надвладеат разумот и принципите, кои на прво место ќе ги стават интересите на граѓаните и иднината на државата, изјави денеска пред новинарите бугарскиот претседател, Румен Радев, кој своето право на глас го оствари во Софија.

-Најважно е денеска да се гласа. Ја користам оваа прилика да ги повикам Бугарите да излезат и да гласаат за да не дозволат некој друг да одлучува за нив, додаде шефот на државата.

„Легитимитетот на следниот парламент и влада зависи од излезноста на гласачите, од кои очекуваме важни одлуки“, посочи тој.