18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авион се урна при полетување во Пула, две лица загинаа

На аеродромот во Пула се урна мал приватен авион и во несреќата загинаа две лица.

Неофицијално, се дознава дека авионот полн со гориво се урнал при полетување, пишува „Јутарњи лист“.

Во авионот имало маж и жена.

Се претпоставува дека се од Германија, со оглед на тоа дека авионот бил со германска регистрација.

На аеродромот се испратени многубројни екипи, од пожарникари до брза помош.

Спонзорирано: