24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Несреќа во Саудиска Арабија: автобус удри во мост, најмалку 20 загинати

Најмалку 20 луѓе загинаа кога преполн автобус удри во мост, се преврте и се запали во југозападна Саудиска Арабија, јавија саудиските државни медиуми.

Телевизијата Ал-Ехбарија објави дека во несреќата се повредени уште 29 лица и објави снимка на која се гледаат јагленисани остатоци од автобусот.

До судирот дошло кога откажале сопирачките на возилото во југозападната провинција Асир, која граничи со Јемен.

Несреќата се случува во првата недела од Рамазан, кога верниците постат од утро до мрак. Многу луѓе уживаат во ноќните патувања со семејството и пријателите за време на светиот муслимански месец.