14.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кажале дека превезуваат керамички плочки-Запленети над два тони кокаин во вредност од најмалку 20 милиони долари

Перуанските власти објавија дека полицијата во земјата запленила 2,3 тони кокаин во складиште во најголемиот залив во Перу, Ел Калао, во близина на главниот град Лима, а вредноста на запленетата дрога е најмалку 20 милиони долари.

Дестинацијата на таа пратка била Турција, а товарот бил лажно претставен како керамички плочки.

Кокаинот бил прикачен на гумени листови за да личи на керамички плочки и бил ставен во дрвени кутии во бродски контејнер за транспорт.

Претставник на локалната полиција соопшти дека тоа е првиот евидентиран случај каде дестинацијата на дрогата од Перускиот залив била Турција.

„Ние обично внимаваме на пратките што одат со брод до Белгија, Холандија, Шпанија и Франција“, додава тој.