5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсени осомничените за нападот на албанската телевизија кој со „Калашников“ убиле работник

Албанската полиција приведе две лица осомничени за поврзаност со вооружениот напад на зградата на телевизијата Топ чанел во кој беше убиен 60-годишен чувар. Во прилогот на ТВ Клан се наведува дека двајцата осомничени се уапсени во Валона и дека по потекло се од Скадар, пренесува Репортерс.

„Истрагата продолжува во врска со осомничените кои би можеле да бидат вмешани во смртоносниот напад на ТВ Топ каналот. Две лица приведени во раните утрински часови во Валона се по потекло од Скадар. Во близина на зградат, за жал, животот го загуби и 60-годишниот обезбедувач Пал Коља“, се вели во соопштението на албанската полиција.

Албанските медиуми претходно денеска објавија дека набргу по нападот, кој се случил час по полноќ, на блискиот автопат било пронајдено опожарено возило „ренџ ровер“, за кое постои сомневање дека било употребено за напад на просториите на Топ чанел.

Порталот „Албанска пошта“ објави дека постојат претпоставки дека во запаленото возило била и автоматската пушка „Калашников“ што била употребена во нападот.

Засега не е познат мотивот за нападот.