23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рации во седум германски провинции поради „Граѓаните на Рајхот“, ранет полицаец

Еден полицаец е полесно ранет за време на рации во седум германски провинции во рамките на истрагата за екстремно десничарското движење „Граѓаните на Рајхот“, објави денеска германската телевизија АРД.

Германското јавно обвинителство засега одби да ја коментира оваа информација.

Минатата година, во најголемата антитерористичка операција досега, германската полиција уапси 25 лица, а 50 беа осомничени дека се дел од заговорна група која сакала да изврши државен удар и да постави потомок на германска династија како национален лидер.

„Граѓаните на Рајхот“ не ја признаваат модерната Германија како легитимна држава.