22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Подољак за посетата на Путин на Мариупол: Злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторството

Реакциите од Украина за синоќешната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Мариупол, град кој беше уништен и окупиран од руските сили, наврнаа.

– Злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторството – објави на Твитер Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој истакна дека „убиецот на илјадници семејства од Мариупол дошол да се восхитува на урнатините на градот и на гробовите“.

– Тотален цинизам и отсуство на какво било каење – најави Подољак.