14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тревога на Тајван: три кинески воени брода и 25 воени авиони во близина на островот

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека три кинески воени брода и 25 воени авиони утринава се движеле во близина на островот, а Тајван одговорил според стандардните безбедносни процедури и избегнал ескалација.

Во соопштението се прецизира дека 19 кинески борбени авиони од типот „ченгду Ј-10“ влегле во југозападниот дел на тајванската воздушна безбедносна зона (АДИЗ), но не прелетале над Тајванската Теснина.

АДИЗ се однесува на пошироката област што Тајван ја надгледува за својата безбедност.

Тајван одговори со активирање борбени авиони, бродови и одбранбени системи, чија задача беше „внимателно да ја следат ситуацијата и да реагираат на неа“.

Агенцијата АП забележува дека Кина презема такви акции речиси секој ден за да го заплаши Тајван и да изврши притисок врз Тајпеј.